ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово – Локалните власти предводени од ДУИ и СДСМ на чело со Теута Арифи, немаат поделено 3 месечни плати на вработените од ЈКП Тетово

0
24
Локалните власти предводени од ДУИ и СДСМ на чело со Теута Арифи, немаат поделено 3 месечни плати на вработените од ЈКП Тетово, обвинија од ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово.
Во продолжение е целото соопштение на партијата.
-Две плати за месеците март и април и една плата доделена од Владата со 4 пакет мерки за помош. Освен што немаат плата, вработените во ЈКП Тетово немаат ниту платено здравствено осигурување во време на пандемија од КОВИД 19, кога секојдневно се изложени на ризик да се заразат, но затоа ЈКП Тетово има втор заменик директор кој ќе клати врата.
Прашање до локалната власт :
Каде се парите од кредитот(26 милиони денари) кој го зеде ЈКП Тетово за да ги плати придонесите и да ги подмири тековните потреби за работа?
Каде испари платата доделена од Владата со четвртиот пакет мерки за помош ?
Срамота е за Велигден да ги оставиш православните верници( вработени во ЈКП) без да имаат што да стават на масата за да го прослават големиот верски празник!!!
Срамота е во најсветиот месец за муслиманите Рамазан, луѓето( вработени во ЈКП) да ги оставиш без леб на нивната маса!!!
Крајот се ближи, а со крајот и одговорноста следи !!!
Соопштение на ОК ВМРО ДПМНЕ Тетово