МАКЕДОНСКИОТ ВОЈНИК ЗАРАЗЕН СО КОВИД-19 ОД АФРИКА СТИГНА ВО СКОПЈЕ

0
17

Рано утрово од Централноафриканската Република пристигна потполковникот, кој е позитивен на Ковид-19, информира на Фејсбук, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Тој се чувствува добро, добро го поднесе летот и е сместен на Инфективната клиника, директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ нè информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и е стабилен.

Од Министерството за здравство за ТВ24 денеска информираат дека на пациентот му се направени сите анализи и се чекаат резултатите, за што дополнително ќе биде известена јавноста.

Веста дека брисевите веќе се испратени во МАНУ ги потврди и директорката на Инфективната клиника д-р Милена Стевановиќ, таа вели дека според епидемилошката анкета која му е направена на пациентот, мала е веројатноста тој да е заразен со јужноафриканскиот сој.

Потполковникот на Армијата, кој учествуваше во европската мисија во Централноафриканската Република, беше донесен со медицинска евакуација. Тој на мисијата бил со уште еден негов македонски колега, но тој останува во Африка.

Јужноафриканскиот сој е поопасен од останатите мутации, тој е отпорен и на дел од вакцините. Во нашата земја е на сила одлуката за сите кои се враќаат од африкански земји да има 14 дневен карантин.