МАЛОЛЕТНИК ПРЕГАЗИ ДВЕ ДЕВОЈКИ ВО ШТИП

0
22

Во СВР Штип вчера во 22.20 часот било пријавено дека на крстосница од ул.„Железничка“ со ул.„Гоце Делчев“ во Штип, мопед „априлиа“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 17 – годишен малолетник од с.Стар Караорман, штипско, каде сопатник бил уште еден малолетник, удрил во пешаците А.К.(21) и Р.М.(21), двете од Штип, известуваат од МВР.

Во незгодата Р.М. се здобила со тешки телесни повреди, а А.К. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Штип.