МАЛОЛЕТНИЦИ ВО ТЕТОВО ПАЛАТ КОНТЕЈНЕРИ

0
20

Секторот за внатрешни работи Тетово ja расчисти серијата пожари на контејнери кои се случија минатиот месец во Тетово и изготви соодветен поднесок (известување) до Основното јавно обвинителство Тетово против тројца малолетници на возраст од 15 и 16 години од Тетово, а поради сомнение дека  сториле три кривични дела: „предизвикување општа опасност“, „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ и „загадување на животната средина и природа“, казниви по членовите 288, 206 и 218 од Кривичниот закони

Тројцата тетовски малолетници на 18 и 28 април годинава во вечерните часови предизвикале пожар на неколку контејнери на улиците „Благоја Тоска“, „107“ и „Илинденска“ во Тетово, прекршувајќи ја при тоа и забраната за движење.