Манастирскиот комплекс во Лешок станува вистински православен  центар за граѓаните од полошко и пошироко

0
21

Манастирскиот комплекс во Лешок станува вистински православен  центар за граѓаните од полошко и пошироко. Ја добива својата духовна целина, но изостанува потполната подршка од властите за овој вековен светилник, каде дел од објектите се заштитено со закон, но недоволно одржувани.

 Лешочкиот манастир, место каде може да го најдете мирот и спокојот. Ова светилиште, плени со својата убавина. Последниве години се развива на духовен и на материјален план. Изградени се нови конаци кои се седиште на митрополијата, решен е проблемот со паркингот, а уредениот манастирски двор вклопен под живописната Шара, ги мами верниците, голем дел од слободното време да го поминат тука, во духовниот центар во тетовско.

Манастирот го враќа сјајот, но треба уште да се работи. Стариот конак заштитен со закон, пред две години започна да се реконструира, но работите веднаш запреа. Се работи за духовно – културен објект, каде верниците се враќаат во минатото на манастирот и на македонските преродбеници кои живеел во овој конак.

Се што е започнато од државата оди бавно. Така е и со конакот, но и со манастирската црква Света Богородица, која со години чека целосна реставрација на покривот и фреските кои се оштетени и мор што поскоро да се реагира, раскажува отец Александар Стојановски.

Оваа година и за конакот и за црквата пари се одобрени, но прашање е дали ќе се потрошат за нивна реставрација или пак како и изминативе години ќе се пренаменат на друго место, а духовните симболи на манастирот повторно ќе бидат заборавени.

Манастирот се надева дека и државата ќе помогне да продолжи духовната мисија на ова светилиште, кое поминало низ многу премрежија и опстанува на овие простори.