Масакр во градинка во Бразил: Тинејџер со мачета убил најмалку две деца (ВИДЕО)

0
21

Во бразилскиот град Саудадес, осумнаесетгодишно момче убило најмалку две деца со мачета и повредило воспитувачка, пишува Би-Би-Си.

Убиените деца биле помали од две години.

Соседите слушнале плач и дошле на местото на злосторството, а тинејџерот наводно во тој момент ја свртел мачетата кон себе.Тој бил уапсен и завршил во локалната болница поради повредите.

Силвија Фернандес дос Сантос од локалната власт потврди дека две деца починале, но локалните медиуми објавиле за повеќе смртни случаи.

Во градинката имало неколку десетици деца, и тие биле пренесени на сигурно.