МЗ: ВЧЕРА СЕ АПЛИЦИРАНИ 11.598 ВАКЦИНИ, А ДОСЕГА ВКУПНО СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ 231.014 ГРАЃАНИ

0
24

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 231.014 граѓани. Прва доза во текот на вчерашниот ден примиле 2.504 граѓани, а вкупно вчера се вакцинирани 11.598 лица, соопшти Министерството за здравство.

Во државата досега вкупно се аплицирани 290.829 дози вакцини, а ревакцинирани се 59.815 граѓани.

Со последните бројки, барем една доза вакцина примиле 47 отсто од населението над 70 години и 41 отсто од лицата над 65 години.

Од Министерството посочуваат дека вакцинацијата се одвива непречено, интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а бројот на лица кои досега изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk, е 427.535. Исто така и дека масовна вакцинација се одвива во неколку градови, во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје и во спортските сали во: Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.