МОМЧЕ СЕ УДАВИ ВО РАДИКА

0
23

Во Полициското одделение Ростуше вчера попладне е пријавено дека по течението на реката Радика, на место викано „Влог”, во Општина Маврово и Ростуше, е пронајдено телото на Б.А.(22) од Ростуше. По пријавата е повикана екипа на Противпожарната единица-Дебар, која го извадила телото од реката, а лекар констатирал смрт. Телото е извадено во близина на селото Јанче. Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар и Јавен обвинител, по чија наредба телото е дадено на обдукција.