НАМАЛЕНИ КАЗНИ ЗА ЦАРИНСКИТЕ ПРЕКРШОЦИ СО ИЗМЕНИТЕ НА ЦАРИНСКИОТ ЗАКОНИК

0
18

Со донесување на новиот Закон за прекршоците („Службен весник на РСМ“ бр.96/19) се наметна потреба од измени на прекршочните одредби на Царинскиот закон, кои се имплементирани во Законот за изменување и дополнување на Царинскиот закон, кој е објавен во „Службен весник на РСМ бр.110/21 од 19 мај 2021 година.

Измените, како што соопшти Царинската управа се во насока на имплементирање на новото законско начело на пропорционалност, пропишување на глобите во распон наместо досегашниот нивен фиксен износ, со определување на неколку квалифицирани облици на секој од овие прекршоци.

Исто така, царинските прекршоци се систематизираат во две основни групи: тешки прекршоци, кои се со фискални имликации, односно се поврзани со избегнување на царинската контрола и надзор и/или со избегнување плаќање на пропишаните увозни давачки и лесни прекршоци кои се поврзани со пропуштање на рокови или со неисполнување на обврски кои главно се без фискални импликации.

Во соопштението се додава дека е направено и јасно разграничување на прекршоците кои преоѓаат во надлежност на основните судови, од оние кои и понатаму остануваат во надлежност на Комисијата за одлучување по прекршок при Царинската управа како и пропишување на нова постапка на порамнување со издавање само на прекршочни платни налози, односно повеќе нема издавање мандатни платни налози.

Подетално за најновите измени на прекршочните одредби на Царинскиот закон на следниот линк: https://customs.gov.mk/index.php/mk/informacii-mk/vesti-mk/2916-izvestuvanje-za-najnovite-izmeni-na-prekrshochnite-odredbi-na-carinskiot-zakon.