Наместо да превезуваат патници, новите градски автобуси 5 месеци се паркирани во дворот на Противпожарната единица Тетово.

0
22

Јавното претпријатие Тетово Транспорт се уште не профункционира во пракса. Петте автобиси кои се купија со позајмен кредит од 720 000 евра се уште ги нема на автобуските постројки.

Наместо да превезуваат патници, новите градски автобуси 5 месеци се паркирани во дворот на Противпожарната единица Тетово.

Тетовци велат дека е крајно време да профункционира јавниот превоз, ако веќе се потрошени народни пари за оваа намена.

Но, дел од нив се скептични како ќе функционира овој превоз по сообраќајниците, кои се узурпирани од диво паркирани возила, а целиот град е тесно сообраќајно грло

Градоначалничката на Тетово, вели дека наскоро ќе стартува јавниот превоз, откако деновиве се завршени одредени формалности, а според неа направен е и добар план и анализа за негова функционалност.

Петте градкси автобуси се купија со пари од светска банка. На почеток најавено е да превезуваат патници само низ главните булевари.

МТВ