НАПАДНАТИ СОПРУЖНИЦИ ОД ДВЕ ЛИЦА ВО СОПСТВЕНИОТ ДВОР

0
18

Вчера во 18 часот во Полициска станица Гази Баба, П.Т.(66) од Скопје пријавил дека во 15:20 часот во нивниот двор со неговата сопруга биле физички нападнати од две лица, кои употребиле тврди предмети, откако претходно го оштетиле паркираното возило „алфа“, сопственост на нивниот син. Според пријавеното, најверојатна причина е недоразбирање околу должничко-доверителски односи со нивните синови. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.