НАЈМАЛКУ ПЕТ ЖРТВИ ВО ОРУЖЕН НАПАД ВО САД

0
20

Две локални телевизии наведуваат дека во зградата во Вест Џеферсон, Охајо, се пронајдени тела на три лица, дека има повеќе тела надвор од зградата и дека точниот број на жртви не е потврден.

Најмалку пет лица се убиени во пукањето во Вест Џеферсон, предградие на Колумбос, Охајо, јавија локалните медиуми.

Две локални телевизии наведуваат дека во зградата се пронајдени тела на три лица, дека има повеќе тела надвор од зградата и дека точниот број на жртви не е потврден. Телевизиите се повикуваат на изјавите на шефот на полицијата на Вест Џеферсон, Крис Флојд.

Ројтерс објави дека тој претходно изјавил дека најверојатно станува збор за убиство со умисла.

Според медиумските извештаи, пукањето се случило во куќа во Вест Џеферсон, а сведоци ја известиле полицијата која го обезбедила местото на инцидентот и започнала потрага по осомничени и докази.

Првично, според полицијата, во пукањето загинале три лица.