НЕВЕРОЈАТНИ СНИМКИ ОД ВУЛКАНОТ ВО КОНГО – ЛАВАТА СТИГНАЛА ДО АЕРОДРОМОТ, ГРАЃАНИТЕ ЕВАКУИРАНИ

0
22

Неверојатни снимки од кратерот на вулканот Њирагонго во Конго кој вчера еруптираше се шират на социјалните мрежи.

Се работи за еден од најактивните вулкани на светот, и е познат по тоа што во кратерот на својот врв има лавино езеро.

Владата на Демократска Република Конго синоќа активирала план за евакуација на граѓаните од Гома, откако лавата стигнала до аеродромот кој се наоѓа во близина на градот.

Вулканологот Дарио Тедеско за Ројтерс најпрво изјави дека Гома, град со околу два милиони жители, не е во опасност, и дека лавата тече кон исток, во правец на границата со Руанда.

Но, подоцна уништени се неколку куќи во селата недалеку од вулканот.

Чадот, огнот и силните испарувања се издигнуваат од деловите покриени со лава, а регистрирани се и повеќе земјотреси утрово во Гома.

Вулканот Њирагонго последен пат еруптирал во 2002 година кога загинале 250 лица, а без домовите останале околу 120.000 луѓе откако лавата се слеала во Гома.

Извор 21Тв