Недостиг на храброст или избегнување кавга? – Груби и Османи не му се спротиставија на Меџити

0
21

Ниту првиот вицепремиер Артан Груби ниту министерот за надворешни работи, Бујар Османи не ги коментираа тврдењата на потпретседателот на партијата, Изет Меџити дека тие двајца не можат да го застапуваат електоратот на ДУИ од Скопје во Влада. Груби не одговара на пораките а Османи нема коментар.

„Немам коментар за тоа. Владата како што истакнав претходно, е стабилна, функционална, и продолжува со својата работа. Ангажирана за надминување на здравствените предизвици, интегрирачките предизвици на кои се работи на дневна основа“, истакна Бујар Османи.

На владината агенда нема план  за реконструкција на кабинетот, вели Османи. Ова го тврдеше и премиерот Зоран Заев, но меѓу Интегративците постои видливо незадоволство. Потпретседателот на партијата, Изет Меџити вели дека ова не е најдоброто што може да ја застапува ДУИ на најдостоинствен начин.

„За жал, ова се потврдува и со досегашните постапки, било за менаџирањето проекти било за капиталните инвестиции или пак за политички проекти, речиси се безгласни, невидливи во извршната власт“, вели Изет Меџити.

Неунифицираноста меѓу Интегративците може да им наштети на локалните избори, вели Меџити, тврдејќи дека тоа може да и биде од полза на опозицијата. И коалицијата АА-ААА го очекува истото.

„Во случај кога има недоразбирање меѓу нив, тоа само ја олеснува и продлабочува победата, односно победата е недискутабилна“, додава Скендер Реџепи.

Разликите меѓу Интегративците започнаа од почетокот на владата “Заев 2“. Потпретседателот на ДУИ, Изет Меџити не се согласува со назначувањата на некои од неговите сопартијци. Сега кога не делат само 5 месеци од локалните избори, ТВ21 од извори дознава дека можна е измена на одредени позиции во извршната власт. Се зборува за две министерски имиња кои би можеле да се кандидираат за градоначалнички позиции, потоа две министерски имиња како кандидати за амбасадорски функции а може да се случи и замена на Министерството за финансии со кое во моментов раководи кадар на ДУИ.

ПРЕЗЕМЕНО ОД ТВ21