Неколку лица лишени од слобода поради поседување на дрога

0
30

Неколку лица лишени од слобода поради поседување на дрога

Во секторот за внартешни работи Тетово вчера околу 20 часот биле доведени три лица, двајца од Скопје и еден државјанин на Република Бугарија. Истите биле претходно лишени од слобода во Скопје поради сомнение за инволвираност во случајот со пронајдените две вреќи со марихуана на локалниот пат кон целото Камењане кој беше пријавен претходно на четврти мај. По задржувањето во полициската станица, денеска ќе бидат изведени пред судија во Основниот суд Тетово.

Вчера на пладне на ул. „Илинденска“ во Тетово биле лишени од слобода двајца жители на возраст од 57 и 50 години кај кои при преглед бил пронајден хероин. Тие биле задржани во полициската станица за документирање на случајот.

Вечерта околу 22 часот во патничко моторно возило во кое биле три лица од тетовското цело Желино била пронајдена марихуана. За случајот ќе следуваат поднесоци, информираше Марја Јосифовски, потпаролот на СВР Тетово.

Од СВР Тетово известуваат дека вчера била регистрирана сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Волковија. Едното возило било управувано од 67 годишен жител на тетовското село Милетино, а другото од 21 годишна жителка од истото село која се здобила со тешки телесни повреди. И двајцата возачи биле пренесени во тетовската болница за укажување на лекарска помош.