НЕПОТПИШАНИ ДОГОВОРИ ОСТАВИЈА ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ БЕЗ ПЛАТИ СТОТИНА АНГАЖИРАНИ МЕДИЦИНСКИ ЛИЦА ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА

0
19

119 вработени во тетовската Клиничка болница кои беа ангажирани за време на пандемијата, немаат добиено плата четири месеци поради доцнење во изготвувањето на новите договори. Тие се сретнаа и со двајцата директори за нивниот проблем, но останаа без конкретни одговори.

„Договорите се потпишани од април, се очекува и од другиот потпис, од директорот. Ние не сме добиле плата од 31 декември“, вели една медицинска сестра.

 

Генералниот директор на болницата во Тетово рече дека ги потпишал договорите и се очекува потпишување и од економскиот директор.

„Тие имаа договори до 31 декември 2020 година. Поставивме барање до Министерството за финансии и до Здравство за да добиеме согласност за истите да го продолжат договорот. Некаде на крајот на март добивме согласност и сме во фаза на подготовка на договорите, а платите не беа пуштени затоа што не можат да се дадат без договори“, изјави Артан Етеми, економски директор на Клиничката болница во Тетово.

Од Министерството за здравство за Алсат велат дека по согласноста, изработката на договорите понатаму зависи од администрацијата на Болницата.

АЛСАТМ