НОВ УДАР ЗА ТРАМП: ОТВОРЕНА ИСТРАГА ПРОТИВ КОМПАНИЈА НА ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД

0
27

Државното обвинителство во Њујорк соопшти дека е отворена кривична истрага против компанија на поранешниот претседател Доналд Трамп, што е чекор напред во однос на тоа што започна како граѓанска истрага.

Државната обвинителка Летиша Џејмс истражува дали организацијата на Трамп лажно пријавувала вредност на имотот со цел да обезбеди заеми и да оствари економски и даночни бенефиции.

Од нејзината канцеларија потврдија дека ја известиле организацијата на Трамп дека истрагата повеќе не е чисто од граѓанска природа, пренесува британската новинска агенција „Ројерс“.

Обвинителството истражува дали организацијата на Трамп ги „напумпала“ вредностите на некои недвижнини со цел да се добијат подобри заеми, а подоцна ги соборила вредностите со цел да се добијат даночни олеснувања.

 

 

 

Трамп претходно изјави дека истрагата е диригирана од Демократската партија и дека е политички мотивирана.

Одвоено, обвинителот од округот Менхетн, Сајрус Венс го истражува работењето на Трамп, а неговата канцеларија соопшти дека истражува можно опсежно и долготрајно криминално однесување во компанијата на Трамп, вклучувајќи измами околу даноците и осигурувањето.

Извор Точка