Ноќеска 10 лица од полошко го прекршиле полицискиот час

0
17

Во текот на изминатото деноноќие,  според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (4.05.2021/5.05.2021.) за неносење заштитни маски на вкупно 76 лицa (ТЕ-23 ГВ-53 изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6  од соодветната владина Уредба. Во овој период на тетовско-гостиварското подрачје  на 12 лицa (ТЕ) и 1 (ГВ) изготвени им се нови решенија за изолација од Државен санитарен инспекторат, а контроли им биле извршени на ТЕ-233 и ГВ-105 лицa со вакви решенија и при тоа не биле констатирани непочитувања на издадените решенија  за изолација.

Во периодот од 21 часот на 4 мај до 5 часот на 5 мај 2021 година на подрачјето на СВР Тетово регистрирани се 10 (ТЕ) прекршувањa на владината одлука за целосна забрана за движење на граѓаните, односно на полицискиот час.