НУК со барање до владата да бидат опфатени сите угостители со финансиската поддршка

0
22

На последниот ден аплицирање за државна помош од шестиот пакет мерки, угостителите со барање за промена на условите.

Се пожалија дека многумина не можат да аплицираат бидејќи угостителството не им е примарна дејност. Веќе доставиле барање до Владата итно да ги промени критериумите.

„Шестиот пакет како што беше презентиран и најавен кореспондираше со сите угостители, додека објавата на јавниот повик се однесува исклучиво на угостителски објекти кои што во својата приоритетна дејност имаат шифрата на дејност 56хх. Со оглед дека голем дел од угостителските објекти не го вршат своето работење во склоп како приоритетна шифра, туку вршат како придружници или во склоп на други дејности, остануваат ускратени за правото и можноста да аплицираат за оваа финансиска поддршка и помош.“ изјави Здравко Јосифовски, претседател на НУК.

Угостителите се надеваат дека многу скоро ќе можат да работат без никакви ограничувања, а ќе се дозволи и организирање поголеми прослави под посебни протоколи – со повеќе лица на маса, но и музика и ора.

„Факт е дека во малите угостителски објекти располагаме со мали масички на кои проблем е да седат и 4ца, меѓутоа жално и штета е да во угостителски објекти на кои масите се наменети за 8-10 или 12 лица да седат четворица. / Свадба без тапан не бидува. Така да жално е ако било кој мисли дека на некој друг начин на некого ќе му овозможиме да прави свадба без музика или без игра. Тоа не смее да се случи и да се дозволи, сметам дека соодветни протоколи како тоа ќе изгледа треба да се изработат. “ истакна Здравко Јосифовски, претседател на НУК

Поради пандемијата секторот неколкупати и целосно се затвораше. Кафулињата и рестораните сега работат по посебни протоколи, во моментов со работно време до 22 и 30 часот. Прослави не се организираат веќе втора година.

Извор Канал5