ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ ИТАЛИЈАНСКИ ДРЖАВЈАНИН – KАЈ НЕГО ВО БАГАЖ БИЛА ПРОНАЈДЕНА ДРОГА

0
15

Наредба за спроведување истражна потапка против едно лице донесе Основното јавно обвинителство Скопје поради основано сомнение дека осомничениот 38-годишен италијански државјанин сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

На 17 мај, на Меѓународниот аеродром Скопје, при личен преглед на осомничениот, во неговата патна торба биле пронајдени 8,01 грама марихуана, 3,33 грама хашиш и 18 милилитри хашиш масло.

Поради опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.