ОБВИНЕТИОТ СПИРО РИСТЕСКИ ЌЕ ДАДЕ ИСКАЗ ЗА НАСТАНИТЕ ОД 27 АПРИЛ

0
19

По двомесечни одложувања на рочишта за „Организаторите на 27 април” денеска во Кривичниот суд Скопје, предвидено е исказ да даде обвинетиот Спиро Ристовски.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението на денешното рочиште е обвинителката Катерина Коларовска.

Последното рочиште за овој случај беше одржано на 25 март.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.