ОД ДЕНЕСКА ЌЕ МОЖЕТЕ ДА ВЛЕЗЕТЕ ВО ГРЦИЈА ПРЕКУ „ЕВЗОНИ” АКО ИСПОЛНУВАТЕ “ ЕДЕН ОД ТРИТЕ УСЛОВИ

0
32

Од денеска граѓаните на Македонија ќе може да влегуваат во Грција преку граничниот премин „Евзони“, кој се отвора после повеќе од една година.

Вчера премиерот Зоран Заев соопшти дека со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис се согласиле Грција да биде отворена за сите граѓани доколку исполнуваат еден од трите услови. А тие се:

 

-приложување на негативен ПЦР тест

-приложување на документ за примени две дози вакцини

-приложување позитивен резултат на присуство на антитела

Во сите други случаи, нема да биде дозволен влез на територијата на Грција.

Грчките плажи веќе се отворија и работат под посебни протоколи. Тоа значи дека годинава македонските граѓани ќе можат да одат на одмор во Грција, откако минатата година тоа беше невозможно поради пандемијата.