ОД УТРЕ ПОЧНУВА КЛУЧНАТА ДИПЛОМАТСКА МИСИЈА ЗА ПОЧНУВАЊЕ НА ПРЕГОВОРИТЕ СО ЕВРОПСКАТА УНИЈА

0
15

Исполнети се сите услови за преговори со ЕУ и направивме се што требаше на линија на европските принципи и почетокот на преговорите е апсолутно залужена работа, истакна денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

Димитров додаде дека без разлика на политичките случувања во Бугарија и што претстои формирање техничка влада и нови парламентарни избори, ние немаме луксуз да чекаме. Според него, одлуките кои ќе се прекршат за нас, ќе имаат рефлексија врз целиот регион на Западен Балкан.

Еврокомесарот Дејвид Гир вели дека дека ЕУ дава поддршка да се најде заемно прифатливо решение меѓу Македонија и Бугарија.

Тој го повтори ставот на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, дека се работи на одржување на меѓувладините конференции за Македонија и Албанија, а за евентуалното одвојување на преговорите рече дека тоа мора да го дебатираат земјите членки. Потсети дека проширување е процес е заснован на заслуги, и смета дека и двете земји имаат направено многу во контекст на тој процес.

Димитров истакна дека ќе го придружува премиерот Заев на средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, каде ќе го слушнат јасно ставот на Комисијата. Додаде дека мнозинството од земјите членки сакаат годинава што е можно побрзо да ги започнеме преговорите. Во меѓувреме, бугарскиот претседател Радев рече дека ќе стори се што е можно за да се назначи официјалната влада на земјата на најбрз начин, а најраниот датум за ова е 11 мај.

Извор Тв24