Општина Тетово реализира проекти без да ја земе во предвид безбедноста на истите

0
18

Општина Тетово реализира проекти без да ја земе во предвид безбедноста на истите. Проширувањето на патот кон месноста Бањиче се изведе, без да се спроведат никакви градежни активности за евентуални ерозивни процеси, иако се работи за планински терен. Новиот мост на Пена пак, при поголеми поројни дождови носи ризик од излевање на реката.

Небезбедните проекти веќе носат последици и ризици. На патот кон рекреативното место Бањиче свлечиштата на земјата се редовна појава, а нивото на водата кај новиот мост е покачено, иако водостојот на реката за овој период од годината е оптимален.

По неколку години од нивната изградба Општина Тетово дури сега најавува активности за побезбеден мост како и побезбеден пат кон Бањиче, каде моментално се работи на каскадни системи, безбедносни појаси кои како што предупредуваа геолозите, трабаше да бидат предвидени во главниот проект за проширување на патот

А дел од значајните инфраструктурни проекти во градот изградени пред половина век се сосема заборавени. Мостот на Булеварот Индустриска кој се користи и за транзитен сообраќај е во руинирана состојба. Оваа инфраструктура не ги издржа надојдените води од реката во 2016 година, што беше причина овој дел на градот да биде под вода. Деновиве пак се урна и заштитната ограда на мостот.

Но, сасега нема никакви најави за реконструкција или санација на дел од овој мост.