ОСУДЕНИК ДОДЕКА БИЛ ВО ЗАТВОР ПРЕКУ ФЕЈЗБУК ИЗМАМИЛ ОХРИЃАНЕЦ И ПОДИГНАЛ БРЗ КРЕДИТ НА ТУЃО ИМЕ

0
41

Охриѓанец, кој издржувал казна во штипскиот затвор, преку Фејсбук измамил сограѓанин, а потоа злоупотребил лични податоци за да подигне брз кредит, соопшти СВР Охрид.

Во периодот додека се наоѓал во затвор во периодот февруари-април годинава, преку лажен профил на социјалната мрежа, тој стапил во контакт со сограѓанинот и го довел во заблуда за да му обезбеди лични документи од трето лице.

„Тој остварил контакт со Г.П. од Охрид и, доведувајќи го во заблуда, го убедил да обезбеди валидни лични податоци и документи од трето лице, кои подоцна ги злоупотребил за подигнување кредит од финансиско друштво кое се занимава со издавање брзи кредити“,

велат од СВР Охрид.

Против осомничениот полицијата поднела кривична за две дела: измама и злоупотреба на лични податоци.