ОТРОВНОТО ОТПАДНО МАСЛО БИЛО КОНТРОЛИРАНО САМО ОД ЕДЕН ПАРАМЕТАР

0
17

Индустриски капацитети во државава можат да горат отпадно гориво, вели министерот за економија Крешник Бектеши. Но, вели дека и за ова гориво важи правилник што смее да содржи во себе. Во интервјуто за Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ кое што се емитуваше на МТВ, Бектеши посочи дека при увозот на ова масло, кое се декларира само како мазут, се проверувал само еден параметар, а тоа е ниво на сулфурот. Сите анализи покажале дека нивото на сулфур е под еден процент. Но, според правилникот кој е усогласен со ЕУ и при увоз на мазут се мерат повеќе параметри, а не само сулфур.

„Проблемот не е во сулфурот, во овој случај. Проблемот е во другите параметри – Коишто не се мереле. – Во делот на вискозност, пепел, вода… и тие се предвидени како квалитативни карактеристики кои треба да се исполнуаат за мазутот да може да влезе во нашата држава“, изјави Крешник Бектеши, минситер за економија.

Бектеши посочи дека две институции треба да побараат мерење на сите параметри, а тоа се Царината и Пазарниот инспекторат. Вели дека државната мобилна лабораторија не била побарана од Инспекторатот, иако таа не е акредитирана и затоа никој не би ги признал резултатите. Во интервјуто, министерот за економија вината ја префрла и на Царинската управа, бидејќи спорниот мазут можеле да го тестираат во приватни акредитирани лаборатории.

„Член 78 (од закон за царина) ако не грешам, има можност во делот на истрагите да мери квалитет на течните горива што влегуваат во акредитирана лабораторија кај нас. Во делот на мазутот има две што може да мерат. Една е лабораторијата на ОКТА, друга е лабораторијата на МАКПЕТРОЛ“, додава Бектеши.

Наредната недела истекува рокот од 14 дена кога Царинската управа, Пазарниот и Еколошкиот инспекторат ќе треба да и дадат одговор на Владата што се случило со мазутот. Според ИРЛ, отпадното масло увезено како мазут се горел во болници и државни институции, но и во погоните на велешката фирма „БРАКО“ и кавадаречката „ЕУРОНИКЕЛ“, поранешен „Фени“.

АЛСАТ М