Очајните жители на Газа бегаат пред израелските напади (ВИДЕО)

0
21

Во време на жестокото гранатирање синоќа Рева Маруф ги зграпчила своите деца и избегала од градот Беит Лахије, во близина на северната граница на Газа со Израел.

Таа завршила во училиштето кое ОН го води во бегалскиот логор Џабалија, придружувајќи им се на десетиците други кои успеале да влезат, додека колони луѓе продолжуваат да одат кон југ со автомобили, со запреги или пешки.

„Седевме дома со децата кога одеднаш почна артилериско бомбардирање во сите насоки“, кажа Маруф во училиштето во Џабалија.

„Куќата покрај нашата беше бомбардирана, шрапнел ја погоди и нашата куќа. Сè уште не с=знаеме дали куќата која ја напуштивме е исто така урната“, додаде таа.

Оние кои се упатиле кон југ, влечкајќи дел од своите работи, едвај минувале покрај куќите урнати во конфликтот во Газа, крајбрежната енклава која е дом на два милиони луѓе и е отсечена од надворешниот свет поради блокадата на Израел.