Се урна оградата на мостот на реката Пена на една од најфрекфрентните делници во Тетово булеварот Индустриска

0
21

Падна оградата на мостот на реката Пена на една од најфрекфрентните делници во Тетово булеварот Индустриска, кој се користи и за транзитен сообраќај. Од Општина Тетово истакнаа дека наскоро ќе преземат активности за поставување на оградата на мостот

 Мостот на река Пена на булеварот Индустриска со години е во лоша руинирана состојба. На неколку места е оштетен и истиот беше причина за излевање на реката Пена за време на поплавите во тетовскиот регон. Голем дел од оваа инфраструктура е амортизирана, иако низ делницата поминуваат тешки товарни возила, кои ја користат оваа сообраќајница за транзит. По уривањето на оградата пешаците и возачите се чуствуваат небезбедни.

-Ризикот е огромен мора да се интервенира, тука поминуваат и пешаци и возачи, но не само оградата треба да се реконструира цел мост, истакна една тетовка.

Од Општина Тетово рекоа дека ќе преземат активности за поставување на оградата на мостот

 Во врска со оградата која беше оштетена во текот на

вчерашниот ден, просторот околу неа е веќе обезбеден од страна на ТППЕ

и во најкус можен временски период истата ќе биде вратена во

првобитната состојба, а со нејзина санација ќе се започне од денес, со

оглед на фрекфентноста на оваа улица, истакнаа од Општина Тетово

 Засега нема никакви најави за преземање на сериозни градежни активности за реконструкција на мостот, еден од најоштетените но и најфрекфрентните во градот.