Пешак тешко повреден во Велес

0
17

Вчера во 22.50 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Велес, патничко моторно возило „цитроен саксо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.С.(23) од с.Долно Караслари, велешко, удрило во пешакот Е.З.(44) од Велес, информираа од МВР.

Во незгодата, Е.З. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.