Повредено малолетно дете на локален пат во Тетово

0
21

Околу седумнаесет часот попладнето, вчера на патот кој ги поврзува тетовските села Отушиште и Тераце било удредно малолетно дете од страна на моторно возило кое го управувал 26 годишник. Детето било пренесено во Тетовската болница за укажување на лекарска помош, додека увид на настанот извршил тим од секторот за внатрешни работи Тетово.

Вчера во вечерните часови бил пријавен пожар кој настанал на улицата „29-ти Ноември“ покрај реката Пена. Во пожарот гореле два кревети кој ги запалил триесет и шест годишен жител од Тетово. Во случајот немало повредени ,а интервирала тетовската Територијална противпожарна единица, информираше Марјан Јосифовски, потпаролот на СВР Тетово.

Во изминатото деноноќие биле извршена акциска контрола на мотоцикли при која се регистрирани 46 прекршоци. Покрај тоа санкционирани се и други 42 прекршоци од различен вид.

Во пресрет на празникот Рамазан Бајрам, од секторот апелираат граѓаните да ги почитуваат мерките кои ги донесе владата на вчерашната седница со цел да се спречи ширењето на коронавирусот „ковид-19“. Покрај тоа, граѓаните доследно да се придржуваат до правилата во сообраќајот при управување со своите возила. Се советува трпение, максимална внимателност и прилагодена брзина, велат од секторот.