ПОВРЕДЕНО 13-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ КОЕ УПРАВУВАЛО МОПЕД

0
21

Малолетничка од Куманово, која управувала мопед е повредена по судир со автомобил.

Повреденo 13-годишнo девојче кое управувало мопед

Несреќата се случила вчера во 16.35 часот, на крстосница од ул.„Тоде Мендол“ и ул.„Перо Илиевски“, помеѓу мопед „априлиа“ и патничко возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.К.(25) од Куманово.

Покрај малолетничка, која го управувала мопедот со неа се возела уште едно 13-годишно девојче, соопштува МВР.

По незгодата, малолетничката била пренесена во Општата болница Куманово, каде ѝ биле констатиранни тешки телесни повреди.

Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.