Пожарот кај Галичник е комплетно изгасен

0
25

Пожарот над хотел Неда е комплетно угаснат, инфомрираат од МЗ Галичник преку нивината страница на Фејсбук.

– Екипите сега интервенираат на делот кај далекуводите и се очекува брза локализација и гасење.

По консултација со командирот на противпожарната служба, ве информираме дека нема никаква опасност за куќите ниту потреба од евакуација.

Ќе продолжиме да известуваме тековно од лице место, се вели во информацијата на МЗ Галичник.