ВИДЕО – ПОЖАРОТ НА ЈУГОТ ОД ГРЦИЈА НЕ СТИВНУВА, СЕ ЕВАКУИРААТ СЕЛА И МАНАСТИРИ

0
48

Во регионот Коринт на југот на Грција избил голем пожар поради што биле евакуирани мештани од шест села, како и два манастири.

Пожарот избил во средата навечер во борова шума во малото одморалиште на Пелопонез, на околу 90 километри од престолнината на Атина.

Како што објавил “Катимерини”, некои куќи гореле, но засега не е потврдено колку.

Ќе биде тешка вечер, од сите што се во поширокиот регион, бараме претпазливост, водиме битка во тешки услови, рече заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас на вонредната прес конференција за пожарот во околината на Коринт и соопшти дека е активиран целиот механизам за зашитита на луѓето, а процените се дека изгореле околу 2.000 хектари шума, јави дописничката на МИА од Атина.

Хардаљас објасни дека пожарот започнал од горење на остатоци од маслиново дрво, но и дека на терен се 265 пожарникари со десет пешадиски тимови од војската, а од шест часот утрово се интервенира и од воздух со авиони и хеликоптери. Дополнително, помагаат цистерни од општината и волонтери.

Од Секретаријатот за цивилна заштита, со две пораки испратени во 14 и 15 часот, преку специјалниот број за итни случаи 112, побараа од жителите на повеќе делови во близина на Коринт да ги напуштат домовите, а досега, превентивно, евакуирани се 12 населби и два манастири.