ВИКЕНД НАСЕЛБАТА ПОПОВА ШАПКА БЕТОНСКА ЏУНГЛА, НАД 100 ДИВОГРАДБИ ГО ГРДАТ ЛИКОТ НА ЦЕНТАРОТ

0
29

Над 100 дивоградби го грдат ликот на викенд населбата Попова Шапка, обвинуваат невладините. Наместо викендички, се градат објекти налик на куќи за домување. Инфраструктурата во населбата од насилното бетонизирање попушта. Општина Тетово не презема никакви мерки. Оттаму само со најава дека при крај е новиот ДУП за населбата.

Викенд населбата на Попова Шапка веќе наликува на урбана џунгла. Наместо викендички вклопени во планината, тука се градат огромни зданија, голем дел од нив дивоградби изградени на приватно, но и на државно земјиште.

Урбаниот хаос е резултат на немањето урбанистички план за населбата. Стариот ДУП не е во функција, па самоволието излегува на површина, велат од Иницијативата да ја спасиме Попова Шапка.

Основната инфраструктура во викенд населбата не може да го издржи притисокот од бетонизирањето, каде се изградени и над 800 викендици иако е предвидена за само 200 објекти но до 64 , а не како сега, каде се градат куќи и над 200 метри квадратни

Од Општина Тетово истакнаа дека во тек е изработка на нов урбанистички план за населбата во кој се земени предвид и жалби доставени од граѓаните. Се очекува ДУП – от да биде повторно јавно објавен, а постапката да продолжи во останатите надлежни институции.

Оттаму не одговорија колку дивоградби има во викенд населбата  и дали има постапки за уривање. Како во градот така и на Попова Шапка општината нема преземено никакви дејствија поврзани со бесправно изградените објекти.

МТВ