ПОЧИНА 24 ГОДИШНОТО МОМЧЕ КОЕ БЕШЕ РАНЕТО ВО ПУКАЊЕТО ВО БУТЕЛ ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНА

0
29

Почина дваесет и четири годишното момче кое беше во критична состојба по пукањето во Бутел пред неколку дена.

Инаку,претходно во престрелката во Бутел беше убиен Камер Идризи, кон кого, според МВР, од повеќе лица со калашникови биле испукани над 80 куршуми.

Заедно со Идризи беше и починатиот 24-годишниот скопјанец и негов роднина од Скопје, кој го возел автомобилот.

Од МВР тогаш информираа дека на паркинг на подрачјето на Чаир каде што било паркирано патничко возило „волксфаген голф 7“ со скопски регистарски ознаки во кое бил 24 годишниот возач од Скопје и неговиот 43 годишен сопатник неколку лица пукале кон возилото.