По сообраќајка во центарот на Тетово малолетен пешак пренесен во болница

0
15

На 12.05.2021 во 15.,50 часот во Тетово на ул.„Јане Сандански“, патничко возило „форд фокус“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.Ц.(34) од Тетово удрило во малолетен пешак од Тетово. Во незгодата, пешакот се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.