ПРЕГАЗЕНА СКОПЈАНКА НА УЛИЦА КЕЈ 13 НОЕМВРИ

0
35

На  21.05.2021 околу 20,45 часот во Скопје пред хотел на крстосница од ул.„Филип Втори Македонски” и ул.„Кеј 13-ти Ноември”, патничко моторно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Л.(30) од Скопје, удрило во Е.Б.(49) од Скопје. По незгодата Е.Б. била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” каде и се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.