Приведени три лица во Скопје поради непочитување на здравствените прописи за време на епидемија

0
21

Полицијата синоќа на улицата „Цветан Димов“ во Скопје привела три лица од скопско, поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

– На 30.04.2021 во 22:05 часот на улицата „Цветан Димов“ од страна на полициски службеници од Полициска станица Бит Пазар биле лишени од слобода Б. С. (48), Н. Х. (42), двајцата од Скопје и Т. Ј. (46), од скопското село Марино, поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, се вели во соопштението од МВР.

Тројцата биле приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик.