ПРИСТИГНАА УШТЕ 9 360 ДОЗИ ОД „ФАЈЗЕР”

0
17

Уште 9 360 дози вакцини од „Фајзер“ вчера пристигнале во земјава, информираше Министерството за здравство.

Од овие дози, 4 680 се преку директниот договор што Северна Македонија го има со компанијата, додека останатите 4 680 се преку помошта од ЕУ во рамки на програма „Тим Јуроп“ (Team Europe).

Преку оваа програма ЕУ обезбедува 119 213 вакцини за земјава кои етапно, од 5 000-7 000 дози се испорачуваат секој понеделник. Вчерашната пратка е втора по ред преку оваа програма, а во текот на мај треба да пристигнат вкупно 19 890 дози од „Фајзер“.