ПРИСТИГНУВА ДОНАЦИЈА ОД 100 000 ДОЗИ ВАКЦИНИ НА СИНОФАРМ

0
16

Сто илјади вакцини од кинескиот производител „Синофарм“ ќе пристигнат денеска во државава, како донација од Министерството за одбрана на Народна Република Кина.

Донацијата, пред складиштето за вакцини во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, ќе ја предаде кинескиот амбасадор Џанг Ѕу на министерите за одбрана Радмила Шекеринска и за здравство Венко Филипче. Испораката на донацијата е договорена на средбата на шекеринска со кинескиот министер за одбрана, генералот Веи Фенгхе при неговата посета на државава.

На крајот на минатиот месец во Македонија пристигнаа 200.000 вакцини „Синофарм“ што Владата ги набави од производителот, а најавени се и 500.000 вакцини „Синовак“.