Пробна журка со 3.000 ковид негативни

0
16

Британските клабери се вратија на подиумот за танцување за прв пат од почетокот на пандемијата, на пробниот фестивал, што треба да покаже како може повторно да се одржуваат забави.

Околу 3.000 посетители со негативен тест на ковид-19, се собраа во еден ноќен клуб во Ливерпул во петокот вечерта, како дел од владиниот пилот проект за јавни собири, пренесува Би-Би-Си. Истиот клупски настан се очекува да се случи и денеска.

За прв пат од почетокот на пандемијата на коронавирусот, посетителите не мораа да носат маски или да се на дистанца. Луѓето се прегрнуваа, бакнуваа, танцуваа едни до други како во старите добри времиња.

Всушност се работи за нов проект во кој се истражува потенцијалното пренесување на коронавирусот во ситуација која сите учесници на забавата се дојдени со негативен тест.

Исто така, поставени се и мали камери за научниците да го следат движењето на луѓето.

Директорот за јавно здравје на Ливерпул, Мет Ештон, изјави дека овој клупски настан е „клучен“ за локалната економија.

Ештон додаде дека учесниците на настанот кои ќе имаат позитивен тест за коронавирус во следните пет дена се очекува да се изолираат и дека со нив ќе се разговара за контактите.