Продолжуваат акциските контроли  за прекршување на правилата во сообраќајот

0
21

Од Секторот за внатрешни работи Тетово апелираат дека покрај зголемената контрола врз возачите кои управуваат со своите возила со брзина поголема од максималната дозволена, ќе ги засилат и контролите врз оние лица кои седнуваат зад волан без положен возачки испит.

Вчера  на тетовското подрачје биле откриени 9 возачи кои не поседуваат валидна возачка дозвола. Законот го прекршиле и две лица возачи-почетници, информираше Марјан Јосифовски, потпарол на СВР Тетово.