ПРОТЕСТИ ВО КОСОВО ВО ЗНАК НА ПОДРШКА ЗА ПАЛЕСТИНА

0
25

Групата „Феминистички колектив на мисли и акции“ вчера организирала протести во центарот на Приштина за поддршка на Палестинците.

Неколку десетици демонстранти носеле плакати на кои пишувало „Долу Израелскиот режим“, „Нашата слобода е нецелосна без слободата на Палестина“, „Не ја бомбардирај Газа“, „Против фашистичкиот шовинизам на Израел“, пренесува порталот „Зери“.