Радев го распушта бугарскиот парламент, нови избори во јули

0
80

Претседателот на организацијата на бугарските социјалисти во Софија, Калојан Паргов, соопшти дека неговата партија ќе го врати мандатот за формирање на нова бугарска влада.

На тој начин, му се отвора патот на претседателот Румен Радев да го распушти парламентот и да распише предвремени парламентарни избори само еден месец по регуларните избори во Бугарија на 4 април.

Претходно, мандатот го вратија и ГЕРБ на Бојко Борисов и Има еден таков народ на Слави Трифонов, кои завршија на првото и второто место на изборите, но не успеаа да формираат влада.

Радев ќе објави формирање на привремена влада, која ќе има една главна задача – да ги организира и спроведе предвремените парламентарни избори во Бугарија.

Според бугарските медиуми, предвремените парламентарни избори може да се одржат на 11 или 18 јули.