РАДИКАЛНИ ИСЛАМИСТИ МУ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ НА МИЦКОСКИ ОТКАКО ДАДЕ ПОДРШКА НА ИЗРАЕЛ

0
56

Oпозициската партија ВМРО-ДПМНЕ информира дека откако нивниот лидер Христијан Мицкоски даде поддршка на Израел, на правото на самоодбрана на Израел,  тој се соочил со големи организирани напади  од радикални исламистички структури кои му се закануваат по неговиот живот и животот на неговото семејство.

Партијата реагира затоа што досега не виделе никаква реакција од МВР за да го заштитат Мицкоски.

Александар Николоски од  ВМРО-ДПМНЕ го повика МВР да реагира, во спротивно како што кажа тој тоа ќе значи дека Оливер Спасовски и Зоран Заев ова го прават намерно и тенденциозно.

Пред два дена, Мицкоски со објава на социјалните мрежи даде поддршка на Израел.