Реакција: Ставовите на претседателот Пендаровски за 27 април не зависат од Мицкоски

0
22

Ставовите на претседателот Стево Пендаровски за настаните од 27 април се кристално јасни на македонската јавност и тие воопшто не зависеа од средбата со господинот Мицкоски, се вели во реакцијата од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека Пендаровски пред него имал едно, а пред камерите друго лице.

„Фактот што по вчерашната средба немаше заедничко соопштение, ниту заедничка прес-конференција, јасно покажува дека секој од соговорниците по средбата ги кажуваше само своите ставови и оценки за тие настани. Инаку претседателот Пендаровски никогаш во јавноста не коментира детали и барања од своите соговорници, особено оние кои се надвор од темите најавени за разговор, така што тоа нема да го направи ниту овој пат“, се вели во соопштението од кабинетот на шефот на државата.

Извор Слободен Печат