Селото Милетино без вода за пиење – „Проблемот е решен, но ни се сушат бунарите“, вели Пајазити

0
23

Дел од селото Милетино,општина Брвеница се соочува со недостиг од вода за пиење. Жителите за ТВ21 велат дека од последните денови од Рамазан немаат вода иако редовно ги плаќаат сметките за вода. Тие велат дека сега им е најтешко кога времето се стоплува.

Но градоначалникот на општината, Енвер Пајазити вели дека дефектот на една пумпа за вода која го снабдува селото е причина за недостиг на вода, но таа сега е направена и жителите ќе бидат снабдени.

Брвеница може да се каже дека е единствената општина која повеќе села ги снабдува со вода за пиење од бунари. Во оваа општина има над 10 бунари кои ги снабдуваат селата со вода. Според Пајазити жителите сега имаат вода за пиење, но пресушувањето на подземните бунари е причина оваа општина да бара нови подземни извори.