СЕ ВАКЦИНИРАШЕ МИНИСТЕРОТ БОЧВАРСКИ

0
14

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска во вакциналниот пункт во Штип ја прими првата доза од вакцината против против Ковид -19.

Во изјава за медиумите, тој ги повика граѓаните да се пријават на веб страницата за вакцинација и да го остварат своето право.

„Имунизацијата тече во најдобар ред, Министерството за здравство и Владата придонесоа со целата оваа организација со поддршка на општините да имаме еден добар процес, кој трае и ќе трае во наредниот период. Очекуваме намалување на притисокот од пандемијата и секако враќање на животот во нормала“, порача Бочварски.