Се враќа идејата за федерализација и Република Илирида

0
26

Ова прашање се поставува откако од Движењето „Илирида“ на дебата одржана во саботата во Тетово соопштиле дека веќе се прават последните подготовки за да се регистрират како политичка партија за учество на изборите.

Според Движењето , на чие чело е Неџат Беџети “, Албанците во земјава се наоѓаат во мизерна состојба која, како што велат, може да се надмине само со воспоставувањето на Република Илирида како втор столб во државата..

– Да се смени положбата и статусот на Албанците во Македонија, бидејќи сме население со компактно ширење и голем демографски број. Во фаза сме на подготовки за да се регистрираме како политичка партија и да учествуваме во изборите. Во изборната кампања, ќе го промовираме барањето за федерализација на државата и доколку ги освоиме гласовите на граѓаните, автоматски ќе го формираме Парламентот на Илирида, кој ќе функционира како Втора Република во рамките на Македонија, изјави претседателот на движењето Неџат Беџети.

Впечатливо е дека меѓу учесниците на дебатата биле и Невзат Халили и Милаим Фејзиу, иницијатори на нелегалниот референдум за Република Илирида што беше организиран во 1992 година.

Според поранешниот амбасадор Ристо Никовски ваквите иницијативи воопшто не се поврзани со изборите, туку стратегија која подолго време се спроведува во Македонија.

„Самата федерализација во државата да бидеме искрени во добар дел е напредната и е прашање само за нејзина формализација по многу што Македонија веќе функционира како федерација и можеме да очекуваме дека во периодот кој доаѓа тие манифестации ќе бидат се почести и самиот чин на формализирање можеби ќе биде одлаган бидејќи тоа може да биде контнтрапродуктивен и затоа во суштина ќе се држи до сегашната пракса да биде практично а не до крај формално“, вели Ристо Никовски – поранешен амбасадор.

Иницијаторите за новата партија, се убедени дека програмата и статутот не се спротивни на Уставот и ќе може да бидат судски регистрирани.. Но, тоа е дикутабилно, со оглед дека законот и уставот не дозволуваат регистрација на партии кои предвидуваат промена на државно уредување.