Се интезивира масовна вакцинација, метеж пред пунктот во А1 арена „Борис Трајковски“

0
21

Дедо Наум од Охрид кој има 90 години е првиот вакциниран во импровизираниот пункт во салата „Билјанини извори“.

Со него започна процесот на масовна имунизација за овој регион кој освен охриѓани ги вклучува и граѓаните од Кичево, Ресен и Дебар. Според координаторот на процесот за имунизација во Охрид, Д-р Горан Баловски, засега се „сè оди како по лента“, а тука се вакцинира со „Синофарм“.

И одговорните од Битола велат дека без проблеми минува првиот ден на имунизацијата која се спроведува во салата на медицинското училиште.Но, сликата во Скопје е нешто поинаква. Граѓаните реагираа на гужви пред салата „Борис Трајковски“ оти како што им објасниле, паднал системот.

Имунолозите советуваат, граѓаните што ќе примат „Синофарм“ да бидат внимателни до шест недели по примената втора доза, бидејќи оваа вакцина малку побавно создава антитела за разлика од „Фајзер“ и „Спутник“.

Масовната имунизација се спроведува во седум сали на ниво на држава. Освен во Скопје, Охрид и Битола, вакцинацијата тече и во Куманово, Штип, Тетово и Кавадарци. Здравствените власти велат дека целта е да се постигне темпо до 15.000 боцкања на ден.

Извор Канал5